АВТО ШКОЛА „СТАРС ИНЖЕНЕРИНГ“ – ОХРИД
ул. „Димитар Влахов“ бр. 48
тел. 046 264 400/078 352 764
e-mail: sonja.sikaloska@gmail.com
 

Добивањето на возачка дозвола како личен документ, како неминовната потреба во секојдневниот живот, претставува предизвик за секого.

Како до возачка дозвола?
Кои се условите и начинот за полагање на возачки испит?

Одговорот на оваа прашање ќе го најдете во
Авто школата “СТАРС Инженеринг“ – Охрид 

Возењето не е право туку превилегија и тоа само за оние кои возат според правилата и прописите и кои со своето возење не ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. Со правилно и прописно возење, како и толеранција, разбирање и смиреност кон другите учесници во сообраќајот возачот стекнува рутина, искуство и брзина. Секојдневното управување со возилото и решавање на најразлични ситуации го прави возачот од ден на ден се посигурен во сообраќајот и повешт возач. Најголем придонес за безбедност во сообраќајот има психички смирен и емоционално стабилен возач со соодветно ниво на знаење и вештина на возење.

ЗА НАС
Авто школата “СТАРС Инженериг“ е основана во април 1993 година од м-р Соња Д.Шикалоска како прва жена возач-инструктор во Охрид и пошироко.

Авто Школата во изминативе години континуирано изведува теоретска настава во групи и индивидуална настава, квалитетна практична обука со возачи-инструктори со долгогодишно работно искуство.

Единствена Авто школа во градот со најголем број вработени возачи-инструктори жени кои успешно ги извршуваат своите работни задачи во улога на возачи-инструктори во спроведување на теоретската и практичната настава.


Авто школата “СТАРС Инженеринг“-Охрид годинава го прославува својот 25 роденден.

Како авто школа со долгогодишно работно искуство имаме единствена цел да создадеме добро обучени возачи, односно нашите кандидати да се стекнат со потребното знаење и вештини за успешно полагање на возачкиот испит, правилно ракување со возилата на моторен погон и безбедно учество во сообраќајот.

Ако сакате некој кој ќе го направи вашето возачко искуство побезбедно, поекономично и забавно, тогаш АШ “СТАРС Инженеринг” е вистинскиот избор!

ТЕОРЕТСКА НАСТАВА
Теоретската настава е прилагодена на најновите Законски измени, пропратена со компјутерска анимација и видео проекција на сите можни ситуации, правила и прописи и истовремено со вежбање на испитни прашања на компјутер за секој кандидат, прашања кои секој еден кандидат ќе ги сретне при полагањето на возачкиот испит.

ТЕСТОВИ ЗА ТОРЕТСКИОТ ДЕЛ ОД ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКИ ИСПИТ – ПРАШАЊА (КЛИКНИ ЗА ПОВЕЌЕ ИНФО)

ТЕСТОВИ ЗА ПОЛАГАЊЕ ВОЗАЧКИ ИСПИТ СО ТОЧН ОДГОВОРИ (КЛИКНИ ЗА ПОВЕЌЕ ИНФО)

Предавањата се изведуваат од страна на високо квалификуван предавач по теоретска настава со долгогодишно работно искуство во областа на сообраќајот.

Во текот на наставата ќе имате секаква помош од страна на предавачот се со цел совладување на материјалот за полесно да го положите првиот дел од возачкиот испит (тест). Потребната литература за да се положи теоретскиот дел ќе ви биде обезбедена од страна на авто школата „Старс инженеринг“ во печатена и електронска форма.

ПРАКТИЧНА ОБУКА

Практичниот дел од возачкиот испит се спроведува на нови современи моторни возила со возачи-инструктори со долгогодишно работно искуство кои на многу едноставен и лесен начин ќе го спроведат оспособувањето согласно програмата предвидена со ЗБПС.

Интензивниот развој на сообраќајот и намалениот степен на сообраќајното воспитување низ воспитно-образовниот процес се основните причини авто школата да има важна улога во процесот на сообраќајното воспитување и образување на кандидатите како идни возачи на возила.

Сметаме дека за безбедно учество во сообраќајот кај кандидатот за возач освен совладувањето на основните правила и прописи, како и вештината и техниките на управување со возилата многу е важно да се развие сообраќајната култура и свест, а неговото учество во сообраќајот како возач на возило на моторен погон да прерасне во воспитување и на останатите учесници во сообраќајот преку меѓусебна соработка и солидарност.

ВОЗЕЊЕ ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО


РУТА СО МОТОР

РУТА СО ВОЗИЛО

СОВЕТ
Дефанзивното возење е партнерство за преживување, контролирај се или ќе станеш жртва!

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ




ДОГОВОРИ ЗА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ

МАКСИМАЛНИ БРЗИНИ, УПОТРЕБА НА СВЕТЛА, МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ НА ПАТИШТАТА НИЗ ЕВРОПА

ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ВОЗАЧИТЕ

АВТО ШКОЛА „СТАРС“ НИЗ ГОДИНИТЕ


АВТО ШКОЛА „СТАРС ИНЖЕНЕРИНГ“ – ОХРИД
ул. „Димитар Влахов“ бр. 48
тел. 046 264 400/078 352 764
e-mail: sonja.sikaloska@gmail.com